Еминентни научници од повеќе области од целиот свет ќе го истражуваат Охридското Езеро, за да ја утврдат точно неговата старост. Тоа треба да даде одговор на бројни научни  прашања велат експертите од Хидробиолошкиот институт од Охрид кој е организатор на експертаката работилница  што денеска започна во Охрид.


На четиридневната конференцијата на која учествуваат околу 40 научни работници од Европа и пошироко ќе бидат сублимирани досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро, кое е едно од најбогатите природни езера со ендемски видови во светот, изјави Гоце Костоски-директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Со истражувањата точно ќе утврдиме колку е навистина старо Охридското Езеро за  кое првичните истражувања покажаа дека е старо помеѓу 3 и 4 милиони години, додаде Костоски.

Во Охридското Езеро има преку 200 уникатни ендемски организми кои живеат само тука и никаде на друго место во светот, вели  Томас Вилке специјалист за генетски истражувања од универзитетот  во Гизен-Германија.  Има и други прастари езера како Бајкалското во Европа или некои други езера во Африка, но никаде нема толку мнопгу ендемски видови како во Охридското Езеро. Зошто е така сеуште не знаеме, вели  Вилке.


Прелиминарните испитувања покажаа дека Охридското Езеро доживеало големи климатски и тектонски промени, вели  универзитетскиот професор од Германија, Бернд Вагнер. Тој појасни дека регионот е сеизмички активен и дека со истражувањето на седиментот ќе бидат утврдени сите промени кои настанале во Охридското Езеро во изминатите милениуми.

Научните истражувања на Охридското Езеро ги поддржува Министерството за животна средина. Со овој проект, како и со проектот за утврдување на длабочината на езероро и новите закони за Охридското Езеро и Охрид се заокружува легистлативата која треба да овозможи поголема заштита на ова природно богатство, изјави Дејан Паноски, државен советник за води. Тој најави дека    наредниот месец ќе започнат и испитувањата на длабочината на Охридското Езеро од македонка страна, со што ќе се комплетира геолошката карта на дното од езерото бидејќи таквите испитувања веќе се извршени во Албанија. Резултатите од испитувањата на длабочината кои во соработка со експерти на НАТО биле извршени во албанскиот дел од Охридското Езеро покажале дека тоа е подлабоко од 300 метри. Но коклкава е најголемата длабочина ќе се знае откако исти такви мерења ќе бидат извршени и на македонска страна.

Целта на научната работилница во Охрид е да се формира менаџесрки тим кој ќе ги води интернационалните научни истражувања на Охридското Езеро, кои ќе започнат во 2010 година. Истражувањата  според најавите ќе траат 6 години, а ќе бидат финснсирани од Интернационалната корпорација за длабински истражувања.

Г. Момироски