Интернационален натпревар за млади музичари “Охридски Бисери” – 2009, ќе се одржи денеска во Охрид. Воедно ќе се одржи и “8-от интернационален натпревар за млади музичари и камерен оркестар солисти на ФМУ – Скопје”.
Музичките натпревари ќе се одржат во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва со почеток во 21 часот.
На програмата ќе бидат дела од Шуплевски и Тартино. Солист на вечерта ќе биде Софија Николоска – виолина,а диригент проф. Велко Тодевски.