На 23-ти септември (сабота) во водите на Охридското езеро во организација на Акватика Јахтинг клубот ќе се одржи Интернационален Куп натпревар во едрење.
Едриличари учесници ќе има од Охрид, Струга, Скопје и од српскиот град Белгрда. Тие ќе се натпреваруваат во две категории микро и минитонер.
Рутата, односно патеката на едриличарите е кружна и се движи од Градското пристаниште, Горица 1 и Куба Либре.
Од клубот ги повикуваат сите љубители на спортот да ги бодрат едриличарите без разлика каде се наоѓаат дали во локалните барови или покрај пристаништето.
OhridNews