Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.
Свеченоста, на која е предвидено ликовно изненадување, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година. На интернационалната уметничка колонија „Дебрца“, годинава ќе творат 10 ликовни уметници и тоа : 1. Маестро Јордан Манасиески – Охрид 2. Маестро Ставре Димотров Стадим – Скопје 3. Маестро Запро Запров – Скопје 4. Г-дин Војдан Запров – Скопје 5. Натали Николоска – Скопје 6. Андреј Антевски – Куманово (најмладиот учесник на овогодинешната Колонија) Странски автори 1. Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул) 2. Петар Бељашки – Бугарија 3. Велислава Пожгорска – Бугарија 4. Светлана Солодова – Русија.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
OhridNews