Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и охридскиот клуб Лихнид, Јована Софковска, кариерата ќе ја продолжи во Србија, откако договори соработка со Ракометниот клуб Бор.

Јована Софковска во дресот на Лихнид

Охриѓанката која игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.

Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотиација за успеси со новиот клуб. – изјави Софковска.

Софковска заедно со ракометарките на Вардар со титулата шампион на Македонија

Клубот Бор каде што ќе игра 19-годишната Јована се натпреварува во Супер лигата и ќе биде дел од националниот Куп.

OhridNews