Охридскиот фудбалски клуб, утре (вторник), на теренот со вештачка треба во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“, против екипата на Јагодина од Србија ќе го одигра првиот тест натпревар, во зимскиот подготвителен период.
„Рибарите“ се очекува да играат во комбиниран состав и сите фудбалери да ја поделат минутажата, бидејќи се уште е рано да се форсира и брка некаков резултат. Составот на Јагодина недела дена е веќе во Охрид и дуелот со „рибарите“ ќе биде трет во краток временски период. Српскиот клуб играше со Дрита и Ренова.
Во текот на зимскиот подготвителен период, Охрид, силите ќе ги одмери со прволигашите Пелистер, Ренова и Струга Трим Лум, езерскиот ривал Караорман и со второлигашите Дрита, Велазерими и Велешта.
OhridNews