Со тајно гласање со 14 гласа за и 9 против, Советот на општина Охрид  го легализира објектот на ГП “Трим“ што се гради на бул. “Туристичка“. Измената на ДУП за УЕ 7 Урбан модул  1, го отвори прашањето кој сега има мнозинство во Советот и дали партиите имаат контрола врз своите советници.

Откакао два часа не можееа да се договорат околу дневниот ред и по серија консултации, кои како што рекоа некои од советницвите повеќе наликувале на пазарења, дигнитетот на Советот се обиде да го сочува советникот  Љупчо Нечкоски. То рече дека предлогот за измените на ДУП со кој се легализираат спорните делови од објектот на “Туристичка“ ќе ги промени состојбите не само во Советот туку и во градот. Бидејќи сакам и во иднина овој совет да работи како и досега предлагам гласањето по оваа точка да биде тајно, рече Нечкоски.


легализација со тајно гласање-зградата на “Туристичка“

Легализацијата на објектот на бул. “Туристичка“, кој отстапуваше според секторот за урбанизам за два ката,  предизвика вистинска војна на зборови помеѓу пратеникот Цветко Грозданов и градоначалникот Петрески. За пратеникот Грозданов увојувањето на спорниот ДУП  е потврда дека со Охрид владее урбанистичката мафија која како што рече ја предводат претствниците на локалната самоуправа кои сето тоа го легализираат.Грозданов го обвини градоначалникот Петрески дека не работи во интерес  на граѓаните и побара тој да си замине од функцијата.

Петрески ги отфрла ваквите обвинувања и вели дека Грозданов ги упатил на погрешна адреса. Урбанистичките планови што ги предлагаме во Советот се легали и законски. Тие се одобрени од министерствата за животна средина и транспорт и врски и со нивни потпис се предлагаат пред Советот, а доколку пратеникот Грозданов смета дека тука има нешто нелегално вината треба да ја бара во министерстѕвата, а не во локалната самоуправа.

Пратеникот Грозданов денеска тврдеше дека за измената на ДУП кој се однесува наспорниот објект на “Туристичка“ не гласале советниците од коалицијата За подобра Македонија, но обвини дека дел од советниците биле поткупени со вработувања и други понуди.

Советниците на 30-та седница усвоија и повеќе други одлуки од сверата на урбанизамот меѓу кои и спорната измена на ДУП во Пештани како и предолог одлуки за имена на Деталниот урбанистички план  за изградба на суперлуксузен хотел во Горица и поликлиника со деловен центар кај маларична.

Г. Момироски