Четврто реми во последните пет натпревари за екипата на Мурињо кој остана на врвот на табелата со плус 4 од Милан, плус седум од Рома. Натпреварот на “Џузепе Меаца“ понуди мaлку возбудувања,а во сивилото на Интер се вклопи и македонскиот интернационалец Горан Пандев кој доби предност пред Ето во нападот.


Џенова  која се одлучи за дефанзивна варијанта уплашена од дебклот во првиот натпревар во сезоната од 5-0 на Мараси , го напушти Милано повеќе од задоволна.

Нероазурите во наредното коло во петок  и гостуваат на екипата на Катанија.

М.П.