Составот на Интер, зимскиот преоден рок ќе го искористи да го засили средниот ред доведувајќи го фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен. Цената на данскиот репрезентативец се движи од 25 до 30 милиони евра.
Ериксен важечки договор со клубот од Лондон има до крајот на сезоната. Тотенхем на некој начин приморан е да го продаде фудбалерот сега, бидејќи на лето без оштета ќе може да засили кој клуб посакува.
„Нероазурите“, ќе се обидат да ја искористат ситуацијата во која се наоѓа англискиот премиерлигаш и да го доведат Данецот на средината од тековната сезона.
Во името на Ериксен, стратегот на Интер Антонио Конте би добил креативец и опција плус во нападот кој допрва треба да ги тресе противнички мрежи за останување во трката за титулата со Јувентус.
Втората полусезона во Серија А стартува утре, а Интер во понеделник гостува кај тимот на Наполи.
OhridNews