Екипата на Удинезе забележа драгоцена победа во италијанската Серија А, победувајќи ја Фиорентина на домашен терен со минимални 1-0, во 24-та рунда од шампионатот.
Творец на победата беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој го постигна единствениот погодок на „Фриули“. Македонецот со глава реализираше во 86-та минута за голема победа на Удинезе.
Значајна победа забележа и Интер. Лидерот на табелата во „калчото“ на домашен терен со 3-0 го совлада тимот на Џенова. „Нероазурите“ победата ја најавија во првата минута кога Ромелу Лукаку го отвори резултатот. За втор погодок се чекаше повеќе од еден час. Матео Дармијан го дуплираше водството, а конечните 3-0 ги постави Алексис Санчез.
- Резултати:
Сампдорија – Аталанта 0-2
Кротоне – Каљари 0-2
Интер – Џенова 3-0
Удинезе – Фиорентина 1-0
Наполи – Беневенто 18ч
Рома – Милан 20:45ч
Табела: Интер 56, Милан 49 (-1), Јувентус 43 (-1), Аталанта 46, Рома 44 (-1)..
OhridNews