Екипата на Аталанта се доближи на еден бод од лидерот на табелата во Серија А, Милан, откако со 2-1 го совлада тимот на Кротоне, додека Интер продолжи со „топло-ладно“ игрите и на домашен терен со гол во судиското продолжение се извлече од пораз во дуелот со Парма кој заврши 2-2.
Творец на триумфот за Аталанта беше Луис Муриел кој ги реализираше двата погодоци. Напаѓачот од Колумбија прецизно стрелеш во 28-та и 36-та минута. Домаќините погодок со кој го ублажија поразот го постигнаа во второто полувреме.
„Нероазурите“ со погодокот на Иван Перишиќ се извлекоа од пораз и освоија бод во дуелот со Парма. Сепак, ремито може да се смета како не успех бидејќи амбициите на составот предводен од Антонио Конте се многу високи. „Млекарите“ имаа предност од 0-2 со головите на Жервињо. Надеж за позитивен резултат во Интер внесе Марсело Брозовиќ, а реми донесе Перишиќ.
Денешната програмата во Серија А ќе се комплетира со дуелот Болоња – Каљари.
OhridNews