Патот на Антонио Конте да го преземе кормилото на Интер е чист откако клубот му врачи отказ на Лучијано Спалети неполна седмица после завршување на сезоната во Серија А.

Спалети успеа во намерата да заврши во ТОП 4 екипите во „калчо“ лигата, но „нероазурите“ имаа епизодна улога во Лигата на Шампиони а не се прославија ниту во Лигата на Европа.

Сезоната која заврши беше бурна на Џузепе Меаца поради кавгата на Мауро Икарди со управата на клубот и заладувањето на односните со навивачите. Спалети од петни жили се бореше да го реши случајот Икарди, но на крајот токму тој го плати данокот за турбулетната сезона.

Во најскоро времен Интер се очекува да го назначи Конте за нов тренер кој веднаш ќе треба да започне со работа.

OhridNews