Екипата на Каљари освои големи три бодови во дуелот со Интер победувајќи го со 2-1 пред своите гледачи на „Сардења“ арената во првиот натпревар од 26-та рунда во Серија А.

Најинтересните моменти од мечот во Каљари се случија во последните 15-тина минути од првото полувреме. Домаќините поведоа во 31-та минута со голот на Лука Чепители. Седум минути подоцна „нероазурите“ израмнија со голот на Лаурато Мартинез, а предноста за домашните фудбалери ја врати Леонардо Паволети во 43-та минута.

Во второто полувреме фудбалерите на Интер притиснаа, но неколкуте одбрани на Алесио Крање спречија втор погодок во мрежата на Каљари. Домаќините пред 90-та минута не реализираа удар од белата точка да забележат уште поубедлива победа.

Поразот во Каљари може многу да го чини Интер во борбата за местата кои водат во Лигата на Шампиони. Ако екипите на Рома и Милан победад ќе го прескокнат тимот на Интер, кој ќе падне од третата на петтата позиција.

OhridNews