Изедначената битка за титулата во италијанската Серија А помеѓу Интер и Јувентус продолжува и како што стојат работите допрва ќе се разгори до точка на вриење. После 16-ет одиграни натпревари во „калчо“ лигата двете екипи се рамо до рамо на врвот со ист број на поени.

Во пресрет на 16-та рунда, Интер беше лидер но ремизираше во Фиренца со домаќинот Фиорентина 1-1. „Нероазурите“ поведоа со погодокот на Борха Валеро во првото полувреме и се до 90-та минута го чуваа водството. „Виолетовите“ за реми постигнаа погодок во судиското продолжение за радост на Артемио Франки и помеѓу навивачите на Јувентус.

„Старата дама“, претходно во 15 часот, рутински пред своите гледачи ги заврши обврските совладувајќи го Удинезе со 3-1. Кристијано Роналдо со два погодоци го начна составот од Фриули, додека печата на победата стави Леонардо Бонучи.

16-та рунда во Серија А ќе се комплетира со утрешниот дуел помеѓу Каљари и Лацио.

Резултати:

Верона – Торино 3-3

Милан – Сасуоло 0-0

Болоња – Аталанта 2-1

Јувентус – Удинезе 3-1

Рома – Спал 3-1

Фиорентина – Интер 1-1

Табела: Јувентус 39, Интер 39, Лацио 33, Рома 32..

OhridNews