Составот на Интер и второто мега засилување во своите редови многу веројатно ќе го донесе од англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. После Ромелу Лукаку на пат за Милано е Алексис Санчез.
Двете страни водат активни преговори за најдобро платениот фудбалер во Премиер лигата. „Нероазурите“ силно го посакуваат Чилеанецот, а Манчестер Јунајтед подготвен е да прифати секакви услови да се ослободи од Алексис Санчез, кој најмногу го оптеретува буџетот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, сезоната која доаѓа Алексис Санчез ќе ја помине како позајмен фудбалер а следната Интер ќе има обврска да го откупи договорот.
Интер и Манчестер Јунајтед после долги преговори најдоа заеднички јазик за Лукаку, кој стана најскап фудбалер во историјата на италијанскиот клуб а се очекува соработката до продолжи со трансферот на Алексис Санчез.
Чилеанецот на Олд Трафорд се пресели од Арсенал, но во година и пол не ја оправда од Жозе Мурињо кој инсистираше за негов ангажман.
OhridNews