Италијанскиот фудбалски шампион Интер ја одби понудата од европскиот првак Челзи за трансфер на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.
Челзи за услугите на Лукаку, кој беше член на лондонскиот премиерлигаш од 2011 до 2014 година, понуди 90 милиони евра, како и дефанзивецот Маркос Алонсо, јавија денеска италијанските медиуми.
Лукаку мината сезона постигна 24 голови во Серија А и беше еден од клучните фудбалери на Интер во освојувањето на првото „скудето“ по пауза од 20 години.
Интер во август 2019 година го собори клупскиот рекорд со трансферот вреден 80 милиони евра, колку што му плати на Манчестер Јунјатед за да го донесе Лукаку во своите редови.
OhridNews