Актуелниот италијански првак Интер потврди загуба од 245.6 милиони евра за периодот 2020/21, што е рекорден износ меѓу клубовите во Серија А.
Интер од врвот на листата го симна Јувентус, кој за истиот период објави негативен финансиски извештај во износ од 209.9 милиони евра. Една сезона претходно Интер пријави загуба од 102.4 милиони евра.
Интер изрази надеж дека одлуката на здравствените власти да дозволат враќање на навивачи на стадионите ќе му помогне на клубот во овие тешки времиња.
OhridNews