Фудбалерите на Интер се вратија на врвот од италијанската Серија А победувајќи го Лацио со 1-0 (1-0) во дербито од петтата рунда.

„Нероазурите“ со минималниот триумф го задржаа перфектниот ефект и уште еднаш покажаа дека сезонава ќе водат жестока битка со Јувентус за титулата. Стрелец на победничкиот погодок беше Данило Д`амброзио во 23-та минута од натпреварот.

Во останатите мечеви Рома на домашен терен изгуби од Аталанта 2-0, додека Наполи шокиран беше на Сан Паоло претрпувајќи минимален пораз од Каљари 1-0.

Резултати: Рома – Аталанта 0-2, Фиорентина – Сампдорија 2-1, Џенова – Болоња 0-0, Интер – Лацио 1-0, Парман- Сасуоло 1-0, Наполи – Каљари 0-1, Спал – Лече 1-3.

Табела: Интер 15, Јувентус 13, Аталанта 10, Наполи 9, Каљари 9..

OhridNews