Италијанскиот калчолигаш Интер е најголем губитник во финалната разврска во фазата по групи во Лигата на Шампиони. „Нероазурите“ ремизирајќи без голови со Шахтјор Доњецк на „Џузепе Меца“ не успеаја да се квалификуваат во нокаут фазата, а ниту во Лигата на Европа, бидејќи завршија на четвртата позиција на табелата.
На украинците ремито во Милано им донесе пролет во ЛЕ, додека најсреќен со неренешениот резултат беше тимот на Борусија Менхенгладбах кој иако изуби од Реал Мадрид со 2-0, сепак, патува како второпласиран во елиминациската фаза.
Елиминацијата и крајот на евро-авантура ќе биде голем удар за Интер и за Антонио Конте, кој ужива голема доверба кај управата, но навивачите полека го губат трпението.
- Резултати:
Група А: Баерн Минхен – Локомотив Москва 2-0, Салзбург – Атлетико Мадрид 0-2
Табела: Баерн Минхен 16, Атлетико Мадрид 9, Салзбург 4, Локомотив Москва 1
Група Б: Интер – Шахтјор Доњецк 0-0, Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах 2-0
Табела: Реал Мадрид 10, Борусија Менхенгладбах 8, Шахтјор Доњецк 8, Интер 6
Група Ц: Манчестер Сити – Олимпик Марсеј 3-0, Олимпијакос – Порто 0-2
Табела: Манчестер Сити 16, Порто 13, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 3
Група Д: Ајакс – Аталанта 0-1, Митјиланд – Ливерпул 1-1
Табела: Ливерпул 13, Аталанта 1, Ајакс 7, Митјиланд 2
OhridNews