Дисциплинската комисија во Серија А експресно ги реши случаите од дербито помеѓу Интер и Наполи кое се одигра во средата на „Џузепе Меаца“ во рамките од 18-та руднда од „калчо“ лигата.

Екипата на Интер за навредите на расна основа на Калид Кулибали следните два натпревари ќе ги игра без публика. Пред празни трибини „нероазурите“ ќе се сретнат со Сасуоло односно Болоња.

Кулибали и Лоренцо Инсиње кои добија директни црвени картони ќе отсуствуваат два натпревари. Дефанзивецот картон доби поради аплаудирањето кон главниот судија, а Инсиње за ударот без топка над Кеита Балде. „Азурите“ без дуото ќе биде на натпреварите со Лацио и Болоња.

Дербито имаше и трето полувреме. Навивачите на двете екипи имаа блиска средба, а исходот беше катастрофален, откако еден симпатизер на Интер го загуби животот.

OhridNews