Актуелниот италијански првак, го доби првиот од двата заостанати натпревари и ја намали разликата во однос на водечкиот на табелата Милан. Избраниците на Леонардо до петтата последователна победа стигнаа со триумфот на Чезена со 3-2.
Ето го отвори, а Милито го дуплираше водството на “нероаѕурите“. Гостите се созедоа и преку Богдани и Џиакерини изедначија на 2-2. Во финишот на првиот дел Киву ги постави конечните 3-2. Чезена можноста да стигна до реми ја пропушти откако во последните 15 минути остана со играч помалку по исклучувањето на стрелецот Џиакерини.
Интер заостанува шест бода зад Милан, но има уште еден натпревар помалку од “росонерите“.
М.П.