Новиот шампион во Серија А, Интер ќе земе најмногу од колачот кој го делат екипите на крајот од сезоната од ТВ правата за мечевите во Серија А.
„Нероазурите“ кои ја прекинаа шампионската доминација на Јувентус ќе инкасираат 23,4 милиони евра, што претставува финансиски рекорд во „калчото“ последниов период.
Вкупната сума која екипите ќе ја поделат е 1.1 милијарди евра, а последнопласираниот на табелата ќе добие само 900 000 евра.
Во процесот на поделбата на финансискиот колач главна улога имаат резултатите, а потоа доаѓаат резултатите од минатото, големината на стадионите и навивачите.
OhridNews