Рома подготвува нов договор за Крис Смолинг. Дефанзивецот, пак, е подготвен да слуша предлози од други клубови.

Интер и Јувентус ја следат ситуацијата со истекот на договорот на играчот. Рома се надева дека ќе го задржи Крис.

Доколку Смолинг одлучи да остане, условите за продолжување ќе бидат исти како оние што веќе беа предложени во октомври: продолжување на две години со помала плата.

Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер со клубот од Рим е до 2023 година. Платата му изнесува 3,5 милиони евра годишно.

OhridNews