Масимилијано Алегри ќе се врати во Торино и повторно ќе седне на клупата од Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

„Старата дама“ последниве три дена ги интензивирала преговорите со Алегри, кој на маса имал понуди уште од Интер и Реал Мадрид.

Алегри се одлучил за Јувентус, поради плановите и целите презентирани од управата. Искусниот италијански стручњак беше на мета од Реал Мадрид и Интер, кои во меѓувреме останаа без тренерите Зинедин Зидан и Антонио Конте.

Алегри во првиот мандат на клупата од Јувентус освои пет титули во Серија А, а му недостасуваше трофеј од Лигата на Шампиони. „Старата дама“ два пати играше во финалето.

OhridNews