Италијанскиот калчолигаш Интер и шпанскиот клуб Барселона нашле заеднички јазик и пуштиле рака за трансфер од „Џузепе Меаца“ на „Ноу Камп“ на аргетинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.

Како што пренесува шпанскиот весник „Спорт“, целокупната зделка ќе изнесува 60 милиони евра и плус двајца играчи кои Интер ќе ги добие како обештетување.

„Нероазурите“, сигурно го добиваат чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал и ќе треба да одберат уште еден од четирите понудени фудбалери (Иван Раќитиќ, Карлес Алења, Самуел Умтити, Нелсен Семедо).

Откупната клаузула на Лаутаро Мартинез изнесува 111 милиони евра.

OhridNews