Репрезентативецот на Белгија, Раџа Наинголан одредено време нема да биде дел од екипата на Интер. Клубот го суспендираше на неодредено време Белгиецот поради прекршување на правилата за дисциплина.

Наинголан на „Џузепе Меаца“ беше доведен од Рома летово кое помина како големо засилување, но со ништо на теренот не ги потврди очекувањата и вложените 40-тина милиони. 30-годишниот фудбалер имал проблеми со алкохол и цигари, а нов порок му е коцкањето.

Белгиецот пропуштал тренинг сесии во Интер поради губењето пари во коцкањето, а трпеливоста кај Лучијано Спалети попуштила и во разговор со управата на клубот го суспендираа фудбалерот.

Наинголан и во Рома имаше вакви испади. Тогаш, „римската волчица“ го казна парично, а најголемата санкција стигна од селекторот на Белгија, Роберто Мартинез кој не го повика за Мундијалот во Русија. „Црвените ѓаволи“ дојдоа до бронзениот медал победувајќи ја Англија во мечот за третата позиција.

OhridNews