Составот на Интер е нов лидер на табелата во Серија А. „Нероазурите“, вчеравечер, со 3-1 го совладаа Лацио во дерби пресметката на „Џузепе Меаца“ и го искористија поразот на Милан на гостувањето кај Специја со 2-0. За Интер во дуелот со Лацио таличен беше Ромелу Лукаку, кој ги постигна првите два погодоци, а за третиот асистираше до Лаутаро Мартинез. Почесниот погодок на „лацијалите“ беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Овој момент го чекавме долго време. Моравме да победиме јака екипа каква што е Лацио да се искачиме на првото место. Им честитам на гостите за добрата игра и на Симоне Инзаги, кој направи респектабилен тим од Лацио. Фактот дека Лацио имаше шест победи во серија го покажува нивниот квалитет, но и нашата желба за победа. Среќен сум поради момците. Сепак, овој триумф треба да биде наша станица, а не цел. – изјави тренерот на Интер, Антонио Конте.
22-та рунда во Серија А ќе се комплетира со вечерашниот дуел помеѓу Верона – Парма, кој е закажан во 20 часот и 45 минути.
Во следната рунда на програмата е големото градско дерби помеѓу Интер и Милан. Пресметката се игра на 21 февруари.
OhridNews