Екипата на Интер успеа да врати дел од вложните финансиски средства во Габриел Барбоса, откако Фламенго одлучи да го откупи целокупниот договор на бразилскиот фудбалер.

Популарниот „Габигол“ во Серија А пристигна во 2016 година како еден од најперспективните фудбалери во светот. Интер за него на Сантош му плати 30 милиони евра, но никогаш не ја оправда довербата на теренот во дресот на „нероазурите“.

„Габигол“ по враќањето во Бразил се препороди и почна да ги тресе противнички мрежи. Со него во составот, Фламенго ја освои титулата во Копа Либертадорес и беше дел од финалето на Светското клупско првенство каде изгуби од Ливерпул.

Бразилецот со Фламенго потпиша четиригодишен договор, а Интер ќе инкасира 18 милиони за трансферот.

OhridNews