Италијанскиот калчолигаш Интер и шпанска Севиља ќе се сретнат во финалниот натпревар од завршниот турнир во Лигата на Европа.

Билетот во финалето, фудбалерите на Интер го чекираа со убедливиот триумф против Шахтјор Доњецк 5-0, полувреме 1-0.

„Нероазурите“ иако без посериозна прилика уште од самиот старт ја презедоа иницијативата. Притисокот на половината од противникот се исплатеше во 19-та минута, кога грешката на голманот Пјатов подоцна во гол ја претвори Лаутаро Мартинез.

Водечкиот погодок им даде крилја на италијаните кои ги зголемија нападите. Шахтјор комплетно потклекна во второто полувреме. Интер со 2-0 поведе со голот на Д’амброзио, а, на 3-0 зголеми Мартинез. Четвртиот и петтиот погодок беа дело на Ромелу Лукаку.

Финалниот натпревар од завршниот турнир во Лигата на Европа се игра на 21 август на стадионот во германскиот град Келн.

OhridNews