Екипите на Рома, Аталанта и Лацио прокнижија нови три бодови на табелата во „калчо“ лигата, победувајќи против Кротоне (3-1), Парма (3-0) односно Фиорентина (2-1) додека Интер со празни раце се враќа од гостувањето на „Лујџи Ферари“, претрпувајќи пораз од Сампдорија (2-1).

Составот на Сампдорија немилосрдно го казни Интер за нереализираниот пенал. Алексис Санчез не погоди од белата точка, а, на спротивната „сино-белите“ постигнаа два погодоци за водство од 2-0. Во второто полувреме Интер постигна погодок и нападна но домаќините ја зачуваа минималната предност и забележаа голема победа.

Аталанта и Рома рутински ги добија мечевите против Кротоне и Парма, а нешто потешко до трите бодови стигна Лацио, на дуелот со Фиорентина.

  • Резултати:

Каљари – Беневенто 1-2

Аталанта – Парма 3-0

Кротоне – Рома 1-3

Лацио – Фиорентина 2-1

Сампдорија – Интер 2-1

Сасуоло – Џенова 2-1

Торино – Верона 1-1

Наполи – Специја (18ч)

Милан – Јувентус (21ч)

OhridNews