Диего Годин кариерата ќе ја продолжи во Интер. Официјална потврда стигна утрово и од клубот од „Џузепе Меаца“.
Годин, еден од најдобрите централни дефанзивци во светот, по девет години го напушти Атлетико Мадрид и во наредните две сезони ќе биде играч на Интер.
Уругваецот во Интер пристигна како слободен играч. Во Милано тој ќе има годишна плата од седум милиони евра.
Годин е првото засилување на Интер во ерата на Антонио Конте.
OhridNews