Еден од најдобрите и најтрофејниот клубови во Италија, Интер, во следниов период ќе направи реорганизација во клубот, а промените ќе донесат ново име и лого.
Моментално име на Интер е „Football Club Internazionale Milano”, а новот ќе биде само „Inter Milano“. Промени ќе претрпи и логото, на кое ќе има само две букви „И“ и „M“.
Реорганизација треба да биде комплетирана со нов генерален спонзор на дресовите. Досегашниот „Пирели“ ќе го напушти клубот од Милано и на негово место се очекува да дојде нов, кој дополнително ќе биде промовиран. Од спонзорот на дресовите, „нероазурите“ се очекува да инкасираат 30 милиони евра по сезона.
OhridNews