Фудбалерите на минатогодишниот шампион Интер ги собраа наградите за најдобри во минатогодишното издание од Лигата на Шампиони.


За најдобар голман беше избран голманот на нероаѕурите Жулио Цезар. За најдобар дефанзивен играч беше прогласен неуморниот Маикон.

Весли Снајдер го понесе епитетот за најдобар среден играч, додеке Диего Милито беше прогласен за најдобар напаѓач.

Аргентинскиот напаѓач Милито ја понесе и наградата за најдобар фудбалер за 2010 година.

М.П.