Притисокот на Барселона за ангажман на Лаутаро Мартинез се зголемува и Интер веројатно ќе попушти во летниот преоден рок да се финализира трансферот на Аргентинецот на Ноу Камп.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „нероазурите“ свесни за кризата која доаѓа во фудбалот поради пандемијата на коронавирусот и сакаат максимално да го искористат интересет на Барселона.

Интер има доставено две опции до Барселона за комплетирање на договорот со Лаутаро Мартинез. Едната опција е пари односно 111 милиони евра колку што изнесува клаузулата, додека втората е вклучување на Артуро Видал и Ентони Гризман во трансферот на аргентинскиот репрезентитевец.

Интер, офанзивниот фудбалер го доведе од Расинг во транфсер вреден 20 милиони евра.

OhridNews