Фудбалерот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ наскоро ќе може да го продолжи договорот со клубот од Милано, објави „Фудбал Италија“.

Неро-азурите се подготвени да му понудат на Хрватот нов договор до летото 2026 година со плата од 5,5 милиони евра по сезона.

Самиот фудбалер сака да добие многу повеќе. Актуелниот договор на 28-годишниот фудбалер со Интер истекува во летото 2022 година. Пазарна вредност на Хрватот на фудбалскиот пазар се проценува на околу 40 милиони евра.

OhridNews