На 4 кола пред крајот на првенството, екипата на Интер од Милано ја освои титулата во Сериа А.
По победата вчера (0:2) над Кротоне, на Интер денеска му требаше кикс на Аталанта за да ја завери титулата во италијанскиот шампионат. Тоа и се случи откако екипата од Бергамо одигра само 1:1 против Сасуоло на гости, со што разликата помеѓу Интер (82) и второ и третопласираните екипи на табелата Аталанта (69) и Милан (69) е недостижна во преостанатите 4 кола.
За Интер ова е 19 титула шампион на Италија, прва по 2010 кога миланскиот гигант, тогаш предводен од Жозе Мурињо, освои „триплета“, првак на Италија, национален куп и Лига на шампиони.
Со тримфот во првенството екипата на Антонио Конте ја прекина доминацијата на Јувентус кој освои 9 шампионски титули во низа.
OhridNews