Со очекуван епилог заврши дилемата околу тренерската позиција во Интер. „Нероазурите“ ден после отпуштањето на Лучијано Спалети за нов тренер го назначија Антонио Конте.
49-годишниот Конте со тимот на Интер потпиша тригодишен договор и ќе заработи вкупно 36 милиони евра. Италијанскиот стратег во фудбалот се враќа после една година пауза. Тој паузираше поради спорот со Челси, кој не сакаше да му ја исплати последната година од тригодишниот договор кој Италијанецот не ја одработи до крај.
Конте ќе има ултра тешка задача да го стабилизира клубот и да му ги замрси сметките на Јувентус, кој апсолутно доминира во италијанскиот фудбал. Тренерската кариера на Конте започна токму во Јувентус и со нетрпение сите љубители на фудбалот ќе ја чекаат неговата средба со поранешниот клуб.
Конте со Јувентус освои три титули, а успешна авантура имаше и во Челси каде освои трофеј во англиската Премиер лига.
OhridNews