Екипата на Интер ја активираше најголемата трансфер бомба во зимскиот преоден доведувајќи го Кристијан Ериксен во своите редови. „Нероазурите“, денеска, го промовираа данскиот фудбалер кој во Милано се пресели од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Интер за услугите на Ериксен кој дејствува на средината од теренот на Тотенхем му плати 20 милиони евра. Репрезентативецот на Данска потпиша договор 3.5 години и ќе заработува 7.5 милиони евра по сезона. Ериксен го одбра и бројот на грбот ќе игра со 24-та.
Денеска, ново засилување промовираше и Наполи. „Азурите“ се засилија од Интер ангажирајќи го Матео Наполитано. 26-годишниот Италијанец во Наполи се пресели како позајмен фудбалер со опција за откупување на договорот во летниот преоден рок.
До крајот на зимскиот преоден рок остануваат уште три дена и толку време имаат можност екипите да ги засилат своите редови.
OhridNews