Со градежна динамика, доцна во ноќните часови интензивно се работи на улицата „15-ти Корпус“, на потегот пред влезот во селото Лескоец, информира градоначалникот Константан Георгиески, на својата официјална страница на социјалните мрежи.
Се врши машинско гребење на стариот асфалтен слој и тампонирање, како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето на коловозот, кое ќе се одвива во наредниот период, – стои во објавата од градоначалникот.
Претходно се вршеше асфалтирање и уредување на тротоарите, се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.
Работните активности на овoј капитален инфраструктурен проект се очекува да бидат финализирани во втората половина од месец мај.
OhridNews