На дебатата што ја организира А1 телевизија, ставовите на Македонија ќе ги застапуваат Васил Тупурковски, Љубомир
Фрчковски и Стојан Андов, а на Грција поранешниот амбасадор во
Македонија и САД Алексадрос Малјас и универзитетските професори
Евангелос Кофос и Танос Веримис.
Предходно вчера, исто така во Охрид, се одржа тркалезна маса на која двете страни ги спротиставија веќе добро познатите ставови во спорот за името.
Иако дебатата во Охрид е симулација и нема никакво обврзувачко значење разликите за решавање на проблемот помеѓу макдедонските и грчките дискутанти беа очигледни. Грција и натаму инсистира на промена на името во име за универзална употреба, што повлекува суштински измени кои задираат во идентитетот на нацијата, што пак за македонските интелектуалци е неприфатливо.
По повод симулацијата на преговорите за името регираше македонската заедница во Грција која обвини дека активностите на дел од грчките учесниците во дебатата се финансирани од владата во Атина и дека нив во Македонија им се придава преголемо значење.
фото:Васко Бујароски