Интегрирана работилница по наставните предмети англиски јазик и ликовно образование се одржа во ООУ „Кочо Рацин“ Охрид.
Работилницата беше реализирана од страна на наставничките Анастасија Ристеска и Виолета Петковска во соработка со членови на семејствата на учениците во прво одделение.
Се слушаа песнички на македонски јазик и англиски јазик јаболче, крувче, златна есен ,есента кралица. Се изработуваа јаболка од волница, црвена, зелена и наизменична комбинација на дветте волници. Се обојуваа и модели тикви, вели Петковска.
Во пријатна, весела атмосфера, додава Петковска, на крај учениците ги презентираа своите изработки.
OhridNews