Во рамките на програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“, викендов, во Охрид ќе се одржи уште една обука на директорите на училиштата од Македонија. Обуката, вклучува 32 средни училишта од 22 општини и е последна во првиот програмски циклус.

Преку неа училиштата ќе се запознаат со комплетно нова програма која се фокусира на еколошко, економско и домаќинско менаџирање на училишните згради и градење еколошка култура преку практичен пример на однесување и грижа кон се што не опкружува.

Програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и подршка од Здружението на граѓани ОХО, односно програмата „Немаме резервна планета“.

Програмата, низ својот 3 годишен циклус, ќе ги опфати сите образовни институции во Република Македонија, почнувајќи од градинките, па сè до училиштата за средно образование.

OhridNews