Кога и да застанеле, обожавателите на пејачката Адел веднаш го опкружувале автомобилот во кој била со инструкторот за возење.
-Адел ми ги пееше своите песни, но јас ниту една не знаев. Не ја ни препознав, изјавил инструкторот за возење на Адел, Ноел Гоган.Додава и дека му било ужасно напорно, бидејќи кога и да застанеле со автомобилот, обожавателите на пејачката врискале и фотографирале со мобилните телефони. На Адел тоа воопшто не и пречело во возењето.
Пејачката неодамна на Твитер се пофалила со својата возачка дозвола.-Сега на настапите и на снимањата ќе можам да одам со свој автомобил – изјавила Адел, која го намалила бројот на настапи откако пред една година го родила својот син.