Тао Порцон Линч има 93 години и е прогласена за најстара инструкторка по јога, која вежба од својата осма година. Учителката по јога од Њујорк влегла во Гинисовата книга како официјално најстарата инструкторка. Таа имала стотина ученици од Индија, преку Франција па се до САД. Родената индијка била прогласена за девојка со најубави нозе во Европа, во времето кога работела како кабаре танчерка во Лондон, за време на Втората светска војна.
Таа победа ја одвела во Париз, каде се занимавала со манекенство, а потоа отишла во САД, каде започнала и актерска кариера. Сето тоа време се занимавала со јога, но на 73 години одлучила целосно да и се посвети. Вежбала јога четири дена во седмицата, и држела часови. Иако на 87 години имала операција на колкот, само еден месец по зафатот се вратила во салата.