Поранешниот австралиски модел Пол Џејмс (32) од Мелбурн наеднаш почнал да јаде кебапи и пржена храна. Пробувајќи да ги разбере дебелите клиенти со кои работи се здебелил 50 килограми. Но поради експериментот сега се чувствува тромаво и има постојана желба за нездрава храна.


Пред промената на стилот на живот оваа година имал 80 килограми. Претходно јадел само овошје и бело месо, а сега чувствува потреба за благо и газирани сокови. Рекол дека му е тешко да го прекине ваквиот начин на живот. Планира да започне диета и да го смали целиот вишок килограми.