Охридскиот атлетски митинг “Охрид 2010“ останува надовор од плановите и на Агенцијата за спорт и млади и на Охридската локална самопурава.  На прес конференцијата организаторите на митингот потенцираа дека овие институции се надвор од подршката и орагнизацијата на овај голем спортски настан.


За жал институцииите затаија, искрено се надеваме дека и агеницијата и локалната ќе имаат повеќе интерес, бидејќи се работи за прв настан од ваков тип чиј промотор е светско име како Сергеј Бубка. – истакна Иван Цветкоски , директор на митингот Охрид 2010.

Орагнизаторите очекуваат охридските јавни претпријатија да се ангажираат при хортиклутрното средувањет на стадионот, како внатрешно така и надворешно, за како што рекоа колку толку да се нашминка теренот и стадионот а со тоа сликата пред светската атлетската јавност да биде достојна за вака голем настан.

Најголемиот дел од средствата за одржување на митингот ги обезбеди Европската Атлетска федерација, и охриѓани со скромни 7000 илајди евра ќе се обидат во најдобро светло да го промовираат Охрид и Македонија преку кралицата на спортовите.

На митингот кој ќе се одржи во среда 19 мај ќе учествуваат околу 100 натпреварувачи од земјите од нашето опкружување.

Македонија плус осум земји, Албанија, Црна Гора , БИХ, Косоово , Србија, Турција, Романија , Бугарија ке учествуваат со 100 ателетичар. Најзвучно име меѓу учесниците е Марјан Опреа кој со скокот 17.81 метри го освои среброто на ОИ во Атина, а наредната година тој освои бронза на СП. Во сите дициплини ќе учествуваат и македонските атлетичари , а наш најголем фаворит е охриѓанецот Селман Реџеп, од кого очекувам  напад на македонскиот рекорд – информираше техничкиот директор на митингот Влатко Димитров

Неделата на атлетиката ќе започе со општинскиот атлетски натпревар на кој ќе учествуваат деца од основните училишта. Најдобрите осум од нив ќе се натпреваруваат на атлетскиот митинг.

М.П.