„Guinot“ лабораториите се дизајнирани и конструирани во далечната1963 год. од страна на инженерот по хемија M.Rene Guinot, кој ја дефинирал процедурата за третманите за убавина- Cathiodermie(catio-електроди; derm-кожа).

Оттогаш наваму, значи повеќе од 50 години мисијата на „Guinot“ е една и единствена, да ја направи жената убава, користејќи ексклузивни и иновативни методи на третмани. Тимот на „Guinot“ составен од фармацевти, доктори и инженери за сите тие години работи професионално и посветено, така што денес брендот има преку 11.000 салони во 70 земји од светот. Од неодамна на професионалните „Guinot“ салони се придружи Институтот за убавина „Beauty tach-MB“ кој го донесе светски познатиот бренд за разубавување во Охрид.

Салоните за убавина-дизајнирани од „Guinot“, се високо професионални, а третманите грижливо се применуваат од страна на 
обучени терапевти за убавина. Козметиката која се користи во „Beauty tach-MB“ е произведена во лабораториите на „Guinot“ институт Париз, 
по највисоки меѓународни стандарди во областа на козметиката-ISO 22716, не содржат парабени, генетски модифицирани состојки и не се тестирани на животни. 

Третманите што се користат во „Beauty tach“се изведуваат по еден и единствен протокол, утврден од експертите на „Guinot“ насекаде низ светот. 
Апаратурата на „Guinot“ исто така потекнува од нивните производствени погони и е во координација со козметиката за да се добие највисок краен резултат – убава кожа.

Жените кои имаат високи стандарди и очекувања за себе, ги избираат салоните на „Guinot“ за свои места за третмани, совети и нега.

Салонот на „Guinot“ – Институтот за убавина „Beauty tach-MB“ во Охрид се наоѓа веднаш до Студентскиот дом, на Кеј „Маршал Тито“ 14 А.

OhridNews