Во насока на преземање на енергетски ефикасни мерки во ЈЗУ „Нефрологија“ – Струга инсталирани се соларни фотонапонски панели преку проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ кој го реализира Центарот за развој на Југозападен плански регион.
Со ова активност ќе и се овозможи на оваа здравствена институција намалување на трошоците за електрична енергија, а истовремено и намалување на загадувањето на животната средина. Со проектот се поставени соларни панели на кровот на објектот, и тоа 72 панели од по 550W, како и инвертер со снага од 40kW, велат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.
Проектот е подржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа, како и кофинансирање од страна на ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.
Вредноста на проектот изнесува 1,4 милиони денари.
OhridNews