Надојденото Езеро сериозно и се заканува на инфраструктурата долж крајбрежјето. Најзагрозен е регионалниот пат Охрид – Св. Наум, покрај кој поминуваат оптички и телефонски кабли, како и цевководи. Загрозен е и колекторскиот систем на  потегот од Елешец до Пештани.


Дел од инсталациите од недоизградениот колектор кај Елешец се во вода, а за да се заштити колекторот се гради насип од околу 300 метри кој треба да го спречи надојденото езеро.


Инсталации под вода

Општинска комисија врши проценка на штетите од невремето во охридско, кои според првични, непотврдени проценки се движат околу 1 милион евра.

OhridNews