Во контрола на 13 угостителски објекти во Охрид што синоќа ја изврши Државниот земјоделски инспекторат во Охрид, пронајдени се 62 килограми разни видови автохтони риби, од кои 9 килограми белвица, 21 килограм пастрмка, 12 килограми плашица и 20 килограми охридски крап.

Против сопствениците на  угостителските објекти поведена е прекрчошна постапка и поднесени се соодветни пријави, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оттаму појаснуваат дека рибата пронајдена  во рестораните е без документација од каде е набавена и дека се работи за недозволен риболов. Во моментов сеуште на сила е  забрана за лов на риба во Охридското Езеро, поради што нелегално набавената риба е одземена  од рестораните, соопшти Министерството за земјоделство.

Покрај риба, Државниот земјоделски инспекторат заедно со рибочуварските служби заплени и 42 риболовни мрежи.

Г.М.